Свет
29. September 2016 - 11:53

Внатрешниот монолог на Обама за Сирија

Вашингтон пост - Вашингтон

Во последниот говор пред Генералното собрание на ОН пред неколку дена, претседателот на САД, Барак Обама, немаше којзнае што да каже за граѓанската војна меѓу сирискиот претседател Башар ал Асад и неговите противници.

-Таму нема нешто такво како конечна победа, така што САД ќе продолжат засилено да работат на дипломатски фронт, за да се сопре насилството, да се достави помош на луѓето на која им е потребна, и да ги поддржат оние кои се обидуваат да ги средат нештата со политички средства, рече Обама.

Потоа се префрли на други теми.

Но сепак Обама си е Обама, затоа бидете сигурни дека тој размислувал доста повеќе на оваа тема отколку што тоа го покажуваат неколку зборови кои тој ги изрече. Ако размислуваше на глас, веројатно ќе го слушневте следново:

Последниот мировен договор на Кери, нормално, ќе пропадне. Владимир Путин победува, така што зошто да се придржува кон него? Дури Путин и да посака да игра добар, зошто Асад да го следи неговиот пример? Тој исто победува и ако сака да го уништи и последното човечко суштество во Алепо, кој ќе го сопре.

Вреди ли да продолжувам да го прашувам Кери за тие неуспешни мисии? Година по година тој ветува дека ќе постигне договор и се колне дека ќе премине кон план Б ако сиријците и русите не си ги исполнат задолженијата. Секој пат тие ќе му свртат страница и тој се враќа за уште. Нема план Б, затоа што јас нема да одобрам план Б.

Џон добива пофалби за својата неуморност. Отстрана изгледа ако сите ние да се чудиме. Ако го применам тој трик уште веднаш целата бркотница ќе стане грижа за Хилари или, не дај Боже, за оној дригиот.

Вистината е дека никој не може да бара Асад да си оди, колку и тоа да не е вистина. Нормално, не можам да го кажам тоа на глас, затоа што самиот си ги врзав рацете пред неколку години кога реков дека со него е свршено. Да, тој е масовен убиец и насилник. Тој дури и ме засрами откако повторно искористи хемиско оружје, откако со Владимир го решивме тој проблем. Вратичката со хлорот.

Но каква е алтернативата? „Умерената“ опозиција? Не ме засмејувајте. Можеби не требаше на шега да ги наречам „фармери или учители, или фармацевти“, но искрено кажано Ал Каеда или Исламска држава ќе влезат танцувајќи во Дамаск ако Асад падне.

О, знам што ќе рече Хилари. Ако ја послушав во 2011 или во 2012 година неа, Дејвид Петрес, Леон Панета, и сите останати, „умерените сили“ сега ќе беа посилни. Требаше да ги обучиме, да им обезбедиме безопасни зони и да им дадеме шанса против Асад. Џон исто ми излезе со истиот аргумент кога почна да работи во Државниот секретаријат. Си мислеше дека ќе го изврти а нов начин и дека ќе ме привлече таму каде Хилари не успеа.

Знам дека еден вагон луѓе ќе речат: „Ти реков дека тоа ќе се случи!“ Не посакав да го сторам тоа затоа што се плашев дека ако пратиме војска, тероризмот ќе се прошири надолж и нашироко, земјата ќе се распадне, ќе има милиони бегалци, па дури и Русија веројатно ќе се вмеша. Така што не се вклучивме; и да: тероризмот се шири, земјата се распадна, има милиони бегалци и Русија се вмеша. И да - цела Европа е нестабилна заради Сирија.

Но знаете ли што? Може да биде полошо. Сите тие нешта - стотици илјади убиени, половината население прогонето од своите домови - пак можеше да се случат, само за капак ќе ја имаше и американската војска насред целата каша. Како со Буш. Јас ја заштитив нашата земја од тоа.

Сега проблемот е на главата на Путин. Толку ли е лошо? Можеби уште не се претворил во жив песок за него, како што предвидев, но почекајте. Сирија уште не завршила со него.

Што ќе стори следниот претседател? Не случајно не слушате идеи од ниту еден од кандидатите за оваа позиција. Зони, забранети за летови? Малку е доцна за тоа затоа што руските противвоздушни системи ја опфаќаат територијата на земјата. Зони за безбедност? Кој ќе ја чува таа безбедност? Доволно е лошо што си играв со Линдон Џонсон во Ирак, па како таму пак одеднаш да испратам 500 војници.

Изгледа лошо, разбирам. Не можам да го согледам целиот тој хаос. Повеќе би сакал да збпрувам за климатските промени или за Мјанмар, па дури и за Украина, за Бога! И да - по една генерација некој претседател може да отпатува до она што останало од Алепо, и за изрази жалење, како што го сторив тоа јас во Лаос и Хирошима,а и на други места.

Дорбо. Се случуваат и такви нешта. Едноставно се надевам дека луѓето ќе разберат дека се изгледа полесно во ретроспекција. Немаше очигледен искрен одговор. Понекогаш граѓанските војни треба самите да прегорат.

Сега, каде е Џон? Треба да му купи уште четири месеци. Уште четири месеци и пеколниот проблем ќе биде нечиј друг.