ВМРО-НП: Владината коалиција е стабилна, мора да се реализира зацртаниот пат кон конечна интеграција во ЕУ
ВМРО-Народна партија останува на своите заложби за континуиран напредок во развојот на демократското општество и стабилен животен стандард како и растот и развојот на македонската економија, а притоа водејќи се од интересот на граѓаните и нивната желба за интеграција во Европското семејство, процес кој оваа владина коалиција го интензивира заедно со нас како дел од мнозинството упатуваме целосна поддршка на СДСМ и коалицијата „Најдоброто за нашата општина“ во вториот круг од локалните избори кои што ќе се одржат на 31 октомври 2021 година.
ВМРО-Народна партија како дел од владината коалиција која во моментов држи стабилно парламентарно мнозинство мора да го реализира до крај зацртаниот пат кон конечна интеграција на државата во ЕУ, а тоа може да го направи само со цврста волја и стабилен тим кој го поседува токму оваа коалиција „Најдоброто за нашата општина“.
ВМРО-Народна партија
Ново на Сител
-
Претреси во Штип, пронајдена дрога, приведени две лица | ФОТО
-
Приведен германски државјанин на ГП Табановце, кај него е пронајдена дрога
-
Трамп: Си Џинпинг го одобрува договорот за ТикТок
-
Видео порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 80. годишнината од основањето на ООН
-
ОЈО: Три лица под сомненија за изнуда на пари од скопјанец
-
Во Белград претпладнево ќе се одржи воена парада
-
САД планираат да му продадат оружје на Израел во вредност од речиси шест милијарди долари
-
Руски авиони упаднаа во Естонија