ВМРО-НП: Казната против Северна Македонија е поради тоа што договорот со „Хеленик Петролеум“ е еднострано раскинат
ВМРО-Народна партија во врска со информацијата дека Северна Македонија го има изгубено процесот со „Хеленик Петролеум“ на Арбитражниот суд во Париз, сака да појасни неколку работи.
Казната против Северна Македонија не е донесена затоа што е потпишан договорот туку затоа што еднострано е раскинат од страна на Северна Македонија. Имено на една година пред истекувањето на петгодишнипот монопол, Уставниот суд на Северна Македонија се прогласи за надлежен дека може да раскинува меѓународни договори иако низ сите други случаеви на меѓународни договори во кои има стапено Македонија се има прогласувано дека е ненадлежен.
На тој начин само заради нетрпеливоста да се почека уште една година од договорот која треба да помине, Северна Македонија се доведува во крајно непријатна ситуација.
Во исто време сакаме да потсетиме дека од тогаш па до денес 90% од мазутот во Северна Македонија вклучително и оваа последна година на голема енергетска криза го купуваме од Грција, а најмногу од „Хеленик петролеум“ наместо да го произведуваме во „Окта“.
ВМРО-Народна партија
Ново на Сител
-
Сител сторија: Дивите депонии во Преспа го загрозуваат здравјето на жителите – како до решение?
-
М. Брод останува една од најеколошките општини - повторно целосно возобновена пречистителната станица
-
Доцнат дрвата за огрев за штипските пензионери
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив