ВМРО: Граѓаните ќе ги казнат конструкциите и местенките на СДСМ на следните избори
![]()
СДСМ и натаму ја лаже и манипулира македонската јавност. Добрата вест е што се прочитани од македонскиот народ и во јавноста не поминуваат лажните вести чиј извор е партиското седиште на Бихаќка.
Граѓаните ќе ги казнат конструкциите и местенките на СДСМ на следните избори. На партијата која го лажеше народот дека ќе донесе живот, дека просечната плата на Македонецот ќе биде 500 евра, ќе се изградат 500 километри автопат, народот веќе не и верува.
Изминаа три години и вистината излезе на виделина, на виделина ќе излезе и вистината за конструираните случаи на СДСМ преку кои се пресметува со политичките неистомисленици.
Според угледниот весник „Економист“ Македонија е класифицирана како хибриден режим, благодарение на режимското владеење на Заев и СДСМ, политичкиот прогон на неистомислениците како и физичкото и телефонското следење на политичкиот противник од страна на параполициски структури.
Кога ќе се ослободи државата од канџите на Заев сите оние кои што го прекршиле законот и се занимавале со незаконски активности, прислушкување и следење на политичките неистомисленици ќе одговараат. Ќе одговараат и нарачателите , а одговорност ќе има и за оние кои наместо да го казнат криминалот, истиот го заштитуваа изиминатите 3 години.
Ново на Сител
-

Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ во официјална посета на Македонија
-

16 нови доктори на наука на УГД - знаење за практичен напредок
-

Преглед на вестите од светот
-

По децении дивоградби аеродромот во Охрид и МВР добија имотен лист
-

Обвинетиот Стојанче Јовановски прво призна вина, па се предомисли
-

Мицкоски во Унгарија
-

Тема на денот со Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците
-

Сител сторија: Спомен домот на Разловечкото востание конечно ќе види светли денови
