ВМРО-ДПМНЕ:Српскиот дипломатски претставник ниту побарал ниту добил дозвола за влез во Собранието
ВМРО-ДПМНЕ смета дека чекорите кои ги презема Република Србија со повлекувањето на персоналот амбасадата, како и изјавите на српските политичари не кореспондираат со изјавите на македонските претставници, и тоа, според партијата, укажува дека постојат детали со кои јавноста не е запознаена.
- ВМРО-ДПМНЕ се надева дека македонската и српската влада ќе ги расчистат сите детали во врска со ова и ќе ја информираат јавноста. Расчистувањето на оваа афера, покрај утврдувањето одговорност на чија и да е страна треба да води и кон нормализација на односите меѓу двете држави, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Во врска со вчерашната информација дека на 27 април некоја македонска институција му дала согласност на српскиот дипломатски претставник да влезе во Парламентот на Република Македонија за време на инцидентот, ВМРО-ДПМНЕ тврди дека ниту една институција не добила такво барање, ниту издала одобрение.
- ВМРО-ДПМНЕ имајќи предвид дека сега е во опозиција, во текот на денешниот ден во рамките на своите можности вршеше проверки и утврди дека ниту МНР, ниту владата, ниту парламентот, ниту МВР или Агенцијата за разузнавање не добиле такво барање, ниту издале таква согласност и одобрение, се вели во соопштението.
Од партијата ја повикуваат новата влада која, како што велат, сега има контрола на сите институции, да провери дали такво нешто имало, и доколку имало да го објави документот со кој некоја институција издала такво одобрение. - Доколку не се прикаже таков документ во наредните ден два, ќе констатираме дека дефинитивно такво нешто не е издадено, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР