ВМРО-ДПМНЕ:Потребни се промени,затоа СДСМ и Заев мора да си заминат
Втора година со ред неспособната влада на Зоран Заев не добива датум за преговори со ЕУ и покрај тоа што го смени името на државата и ги распродаде државните и национални интереси.
Претходните осум години кога Македонија имаше позитивни препораки за преговори со ЕУ услов за датум беше решение за спорот со името, но сега реалноста е дека Македонија не доби датум за преговори затоа што власта нема испорачано реформи.
Планот за реформи 3-6-9 со кој толку многу се фалеа се претвори во фијаско. Не успеаја да исполнат ни 42% од истиот. Воедно државата се повеќе тоне во корупција, судството и обвинителството работат по нарачка на аболициран премиер, а нема реформи ниту во администрацијата.
Две години Заев ги лаже граѓаните дека датумот само што не сме го добиле. дури и се сликаше во авион прославувајќи дека сигурно добиваме датум, за да една година после тоа се уште нема ни Д од датум за преговори со ЕУ.
Откако повторно добија студен туш од ЕУ, сега повторно манипулираат дека датумот го добиваме во октомври или декември, но пораката која ја добивме е дека во октомври ќе се донесе одлука. Притоа нема гаранција дека и тогаш ќе добиеме датум затоа што државата ни ја води најнеспособната влада во историјата.
Во Европа не се оди со два пати аболициран премиер, со партизирано судство и обвинителство, корупција местени тендери и непотизам во секоја пора во државните институции. Во Европа не се оди ниту со економија која тоне, уништено здравство и колабирано образование.
СДСМ и Зоран Заев докажаа дека ниту можат да спроведат реформи, ниту да го подобрат стандардот на граѓаните а уште помалку можат да не однесат во Европската Унија. Единствено што знаат е како да ги продадат државните интереси, да си ги прошират своите бизниси и да ги осиромашат граѓаните.
Со СДСМ и Заев граѓаните и државата стагнираат. Одговорност неуспехот на власта, распродавањето на државата и криминалот мора да има. Потребни се промени и затоа СДСМ и Заев мора да си заминат. Република Македонија и граѓаните заслужуваат подобро.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Ново судење за убиствата на Вања и Панче
-
Загадениот воздух ја полни клиниката за пулмологија
-
Граѓаните спас од загадениот воздух бараат и кај народниот правобранител
-
Брзото возење главна причина за сообраќајните несреќи во Југоистокот
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата