ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев е единствениот премиер во Европа кој е три пати аболициран за криминал

Зоран Заев е единствениот премиер во Европа кој е три пати аболициран за криминал. Тоа е човекот кој моделот на работи од типот – „едно евро за Вицето, едно евро за црквата“ од Струмица го преслика на територија на цела држава.
Бизнисот тоне, 460.000 граѓани се во сиромаштија, но затоа власта и нивните блиски си делат зделки и грантови, за кои иако постои сомнение нерегуларности ЈО молчи.
ЈО молчи и не наоѓа ништо сомнително во фактот што фирма на Кочо Анѓушев, втор човек во владата на Заев од Фондот за иновации доби 100.000 евра.
ЈО молчи и за грантот од над 300.000 евра кој го доби снаата на Цветанка Ласкова, советничка на Зоран Заев.
ЈО молчи за сите скандали и афери обелоденети од страна на медиумите во изминатиов период, а индицираат на милионски криминал, но затоа врши политички прогон на партиските неистомисленици на Зоран Заев, давајќи му алатка во рацете за политички пазар.
Двојните стандарди на власта, преку кои се врши аболиција само на неа блиски луѓе не носат помирување, туку раздор и гниење на македонското национално ткиво. На нашето општество не му се потребни нови расцепи. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ поднесе сеопфатен предлог закон за амнестија, кој доколку власта на вистина се залага за владеење на правото и сака да создаде национално помирување треба да го поддржи, а не преку парцијални решенија на прави раздор.
Беззаконието практикувано од оваа власт мора да запре. Република Македонија не смее да продолжи по патот на хаосот кон кој ја турка СДСМ. Државата мора да излезе на прав пат. СДСМ мора да си замине.
Ново на Сител
-

Тошковски: Целта на „Безбеден град“ не е да казнува, туку да спаси човечки животи
-

Кузмановски: Мора да бидеме задоволни, иако посакувавме повисока победа
-

Со звукот на сирената Македонија ја совлада Романија на ЕП
-

Јанукович осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште
-

Македонските ракометари со предност од четири голови разлика на полувреме против Романците
-

Продолжи судењето против таткото на Васил Јованов, одбраната со забелешки за изведувањето на доказите
-

Пронајден возачот кој се снима како вози 293 км/ч и се фали на социјалните мрежи
-

Утре облачно со повремени локални врнежи од снег
