ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев да поднесе оставка
Зоран Заев мора да си поднесе оставка и да престане да изнаоѓа смешни оправдувања потценувајќи го народот, порача на денешната прес-конференција Крсто Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.
- Поминаа точно 38 дена, а Зоран Заев нема абер да се повлече од политиката како што самиот вети доколку изгуби на овие изборите, а ги изгуби. Помина повеќе од месец кога на 11-ти декември беше поразена деструктивната и манипулативна политика на СДСМ и на Зоран Заев. Народот мнозинската поддршка му ја даде на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата „За подобра Македонија“, а Зоран Заев се повлече и одлучи да се крие, нагласи Јовановски.
Ова, додаде, покажува дека аболицираниот криминалец Зоран Заев има намера да ја држи во заложништво и својата партија, но и цела Македонија, само со една единствена цел да си ја зачува својата политичка кариера и да избегне соочување со правдата.
Јовановски потенцира дека оставката е најдоброто нешто кое може Зоран Заев да го направи за Македонија.
Ново на Сител
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување
-
Преглед на вестите од светот
-
Избори во Хрватска – Милановиќ фаворит за втор мандат