ВМРО-ДПМНЕ: Земјоделците се препуштени сами на себе и без поддршка од Владата

ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека земјоделците кои се занимаваат со производство на лубеници и праски се на раб на егзистенција.
- На терен се случува вистински крах на откупот, а министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Николовски им порача дека сами од себе ќе се решеле проблемите со откупот. Ваквата изјава преставува навреда и сол на раните на земјоделците. Ова значи дека земјоделците се препуштени сами на себе и се без поддршка од Владата, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Ваквиот индолентен однос, како што се наведува, нема да ги реши проблемите и е потребен поголем активизам од Владата и министерството и нудење на конкретна поддршка на земјоделците.
- Досега ниту една мерка која ја предложи Николоски не се спроведе и не беше конкретен одговор на потребите на земјоделците. Земјоделците полека но сигурно наместо партнер, добиваат противник во Владата, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Арбен Фетаи станува специјален претставник во ЕУ – Партиите со бурни реакции
-

Повисока пензија со воведување мултифондови, а не со национализација на приватните пензиски друштва
-

Нови онлајн услуги за земјоделските производители, преработувачите, винарниците и извозниците
-

Преглед на вестите од светот
-

Гаши: Законот за правична застапеност нема да се донесе тајно, кога ќе има услови да се стави на гласање
-

Промоција на новите електронски услуги на Државниот инспекторат за земјоделство
-

Современа болница и поквалитетно здравство за граѓаните на Источна Македонија
-

Водата во Гостивар се тестира и се уште не е за пиење
