ВМРО-ДПМНЕ: Земјата не е на прав, туку на крив пат
Не е прав, туку крив пат кога судии го амнестираат Зоран Заев за поткупот кој на снимка целата јавност го виде.
Секој човек или службеник во независно судство би одговарал за ваков криминал, само Зоран Заев не одговара, па згора на се и се мајтапи со правосудството.
Не е прав, туку крив пат кога правосудниот систем не смее да ја прошири истрагата за Рекет 1 и 2 и ја влече со месеци, иако целата јавност бруи дека врвот на власта е замешан во милионските рекети, но од ЈО никаква реакција.
Не е прав пат, туку крив пат кога за Драги Рашковски, Венко Филипче, Ден Дончев и другите функционери од власта не смее да се отвори истрага затоа што се блиски до Зоран Заев.
Не е прав пат, туку крив пат кога се плаќаат илјадници евра за партиски реклами, а се ветуваше дека рекламирањето ќе се сведе на нула. Тоа е лицемерие и безобразие.
СДСМ треба да сфати дека три години беше власт и имаше можност да го реализира она кое што го ветуваше. Времето помина, а тие ништо не реализираа. Сега е време да си заминат затоа што не знаат како да работат.
Следува обнова на Македонија и одговорност за сите кои ги злоупотребија институциите.
Ново на Сител
-
Протести во Ореовец
-
Почнаа дебатите за реформи на Судскиот совет, конечно решение се очекува до крајот на декември
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија