Македонија
5. August 2017 - 16:12

ВМРО-ДПМНЕ: Законот за јазици е противуставен, Македонија станува двојазична држава

ВМРО-ДПМНЕ нема да го гласа законот за јазици кој вчера помина во Владата, а се чека да биде доставено во Собранието за негово усвојување. Од опозициската партија проценуваат дека законот е противуставен и ја прави државата двојазична и токму затоа, како што велат, не можат и не смеат да поддржат ваков закон.

Во законот  за јазици, според она што неофицијално е објавено во јавноста, во првиот член стои дека на целата територија на Р. Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Веднаш потоа ставен е став кој вели „Друг јазик кој што го зборуваат најмалку 20 посто граѓани (албанскиот јазик) исто така е службен јазик и неговото писмо“.

„Овие два става покажуваат дека Македонија е двојазична држава на највисоко службено ниво без никакви дилеми. Затоа цениме дека е предизборна измама на гласачите пред избори Заев да им тврди дека нема да има двојазична Македонија, а после избори за да си ја зачува марионетска улога“

Од опозициската партија реагираат и на тоа што законот ќе се носи под превезот на европски закон. Тие велат дека тоа е злоупотреба бидејќи симболот на европското знаменце се користи најчесто кај закони од области за кои Европската унија има унифицирани стандарди што овде не е случај.

„Но ова е направено се со цел законот да може да се расправа во Собрнаието само три дена. Тоа значи дека, со брзањето на Заев и Шеќеринска овој закон за двојазична Македонија да го донесат за само три ден, и самите се свесни колку е штетен овој закон, и самите се свесни колку овој закон колку народот го чувствува како свое незадоволство и пониженост бидејќи беше излажан... Народото можеби е молчелив и трпелив....“

Од ВМРО-ДПМНЕ освен во Собрание, неофицјално рамзислуваат и на други стратегии за да го спречат донесувањето на законот, како што е оспорување пред Уставниот суд или пак, рекации и дописи од Венецијанската комисија.