ВМРО-ДПМНЕ: Заев во Собрание турка уште едно поскапување на горивата од 4 денари
Заради Заев горивата од денес поскапи, а во собрание турка уште едно поскапување од 4 денари.
Во последните 4 години цените на горивата само заради Заев, како зголемување во вид на даноци и акцизи се покачени за 10 денари.
Заев деновиве сака да истурка уште еден данок на горивата кој ќе значи покачување на нивната цена од цели 4 денари, со што само заради Заев ќе плаќаме 14 денари поскапи горива.
Овие пари кои ги собира Заев одат во буџетот, а од таму се трошат за тендери, за набавки каде често се плаќа и двојно за одредена услуга или ствар, и така се краде народот два пати.
Доколку не беа сите овие покачување на горивата, стопанството и земјоделието ќе имаа поконкурентни производи, а граѓаните ќе имаа повеќе пари.
Заев не го интересира доброто на сите, тој само гледа како да го наполни буџетот, затоа тој троши, а народот преку поскапи горива плаќа.
Време е да запре расипништвото. Време е за Македонија за сите луѓе!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Левица го кандидираше Амар Мециновиќ за градоначалник на Скопје
-
Ќе се ослободат 60 паркинг места во Старата скопска чаршија
-
Продолжува негативниот тренд на намалување на бројот на првачиња
-
Само една компанија се јави на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Колкави се шансите некои општини да не изберат градоначалник?
-
Тема на денот со професор Борче Треновски
-
Поголем род и повисока откупна цена на грозјето се очекува годинава
-
Голем пожар на две бараки во скопски Карпош, огнот се гасеше и со ертрактор