ВМРО-ДПМНЕ: Заев веднаш да објави кој се вакцинирал, се друго е лага

Му го честитаме денешниот ден, празникот на Зоран Заев - денот на лагата. Тој и денеска продолжи да лаже.
Единствениот кој го загрозува здравјето на граѓани е Венко Филипче и криминалните апетити на Зоран Заев. Додека во светот имаше борба за вакцини, тие се бореа за провизии.
Единствениот начин на кој што Зоран Заев може да докаже дека нема злоупотреба на процесот на вакцинирање и дека нема ВИП вакцинација, е да објави кој до сега примал вакцина, а не да ги крие. Наместо тоа, се она што до сега го видовме претставува криење на вистината и под плаштот на некакви класифицирани информации не објавува кој до сега примал вакцина.
Луѓето од власта тајно одат на одмори додека народ умира. Тајно договараат провизии, а сега тајно се вакцинираат.
Го повикуваме Заев уште веднаш да ги декласиифицира и објави информациите - Кој до сега се вакцинирал! Се друго е лага.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс
-

Преглед на вестите од светот
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија - расте бројот на новозаболени, повеќето се од Драчево
-

Македонија вчера го имаше најтешкиот ден годинава во борбата со пожарите
-

Голем пожар во туристички места во регионот
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
