ВМРО-ДПМНЕ: Заев создаде граѓани од прв и граѓани од втор ред
Зоран Заев и СДСМ ги поделија граѓаните на граѓани од прв и граѓани од втор ред.
Граѓани од втор ред се огромното мнозинство кои не можат да го преживеат месецот, оние над половина милион жители кои живеат со 150 денари дневно. Граѓаните од прв ред се власта и лицата блиски до власта, кои јадат со златни лажици, чии деца се луксузираат низ светот, кои возат скапи коли и мотори.
Граѓани од втор ред се сите оние категории на граѓани кои се уште чекаат вакцини или се принудени да се вакцинираат во странство, затоа што власта ги остави без вакцини. Граѓани од прв ред се тие кои поради блискоста со власта успеаа да се вакцинираат пред хронично болните, трудниците, возрасните и сите други загрозени категории.
Граѓани од втор ред се оние неправедно се осудени по затворите, а од друга страна лицата како Ден Дончев, Боро Марлборо, Катица Јанева , Рашковски и слични кои се фатени во тешки скандали или се на слобода или се во своите домови.
Граѓани од втор ред се сите граѓани кои не можат да извадат пасош, регистрација или документ, додека белосветски мафијаши добиваат македонски документи со украден идентитет.
Граѓани од втор ред се сите оние кои беа оставени без можност да се лекуваат во јавното здраветво поради неспособноста на власта, иако плаѓале цел живот здравствено осигурување, па на сета мака морале да се лекуваат приватни, да земаат кредити или да продаваат имот.
Граѓани од втор ред се сите оние кои се чувствуваат онеправдани, оставени на цедило од власта, додека гледаат како пред нивните очи некои енормно се богатат, користат бенефиции или имаат предност поради тоа што се блиски до Заев и СДСМ.
Заев е тој која ја подели Македонија и додека тој е власт до тогаш јазот се повеќе ќе расте.
Затоа нудиме стратегија Македонија за сите луѓе која ќе стави крај на поделбите на СДСМ и Заев, на граѓани од прв и граѓани од втор ред.
Ново на Сител
-
Нема вода во делови од Скопје, Водовод алармира за енормна потрошувачка
-
Истражните органи бараат докази за дивоградби во Чаир, Сарај, Кисела Вода и Аеродром
-
Поради дивоградбите, Ганиу може да ја изгуби поддршката на Вреди за нов мандат
-
Поставен камен темелникот на ветерниот парк Штип, инвестиција од над 500 милиони долари
-
НБРМ ги намали надоместоците за банките, се чека тие да ги спуштат тарифите за граѓаните и фирмите
-
Висок ризик за пожари во цела држава: Како функционира Македонскиот информативен систем за шумски пожари?
-
Одложено судењето за „Адитив“, доцнеше полицискиот спровод на обвинетите
-
Камен темелник на Ветерниот парк во Штип