ВМРО-ДПМНЕ: Заев со државни пари ги плаќа и децата на неговите коалициони партнери
Заев со државни пари плаќа партиски функционери и квази независни колумнисти.
По излегувањето на списокот на тајни хонорарци видовме зошто Заев толку го криел. Наместо експерти и докажани личности во определена област Заев со државни пари го плаќа претседателот на СДММ.
Додека врсниците на Марко Михаиловски одат во странство затоа што младинската невработеност откако е Заев се зголемила за 10.000 лица, тој земал пари како хонорарец од влада.
Михаиловски зборувал за младински политики од удобната фотеља на Илинденска.
Со државни пари е платен и квази независниот колумнист - Петрит Сарачини, кој претпладне е владин службеник, а попладне е независен колумнист, активист и како ли уште не. Тој е се, само независен не. Вака Заев си ја купува медиумската и поддршката на социјалните мрежи, со парите на граѓаните.
Заев со државни пари ги плаќа и децата на неговите коалициони партнери. 40.000 денари месечно земал Дамир Ибраимоски, син на Самка Ибраимоски.
Тоа е рецептот на Заев. Со државни пари се плаќаат и партиски функционери и квази независни колумнисти и коалициони партнери. Се е за пари.
Овие и уште 56 други хонорарци ја чинат државата скоро 1 милион евра годишно, а во болниците немаме кислород, имаме недостаток на таблети, нема тестови, а вакцините никако да дојдат.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна