ВМРО-ДПМНЕ: Заев сака методите на манипулации и фалсификати на избори, да ги примени и за пописот
Секаде во светот се попишуваат граѓани кои живеат во одредена земја, само пописот по стадарди и методологија на Заев не е така. Законот за попис кој што насила го турка власта на заев не е статистичка туку пазарџиско политичка операција. Нема ниту евроспки стандарди, ниту јасна методологија. Попишувањето кое го замислил Заев е едноставно диктирање на амтични броеви кое значи фалсификат на реалноста.
Од ова штета имаат сите граѓани, а најмногу Македонија.
Затоа власта својот политички договор кој сакаат да го прикажат како закон за попис го туркаше шверцерски и без општетствен консензус целосно игнорирајќи го тоа што го укажуваше ВМРО-ДПМНЕ и експертската јавност.
Затоа власта на Заев сака да спроведе тн попис во услови кога европски земји и земји од регионот го одложуваат. Јасно е дека Заев сака методите на манипулации и фалсификати на избори, да ги примени и за пописот.
ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните на ова ќе се спротивстават и доколку насилно го изгласаат, тогаш ќе почнеме иницијатива за собирање потписи во подрачните канцеларии на Министерството за правда за носење на закон за укинување на
постојниот закон за попис кој ќе биде основа за фалсификатот кој го турка власта.
Ново на Сител
-
Анализа: Криза во Уставен ако во понеделник не се избере наследник на Кацарска
-
Тема на денот Моника Зајкова. претседателката на ЛДП
-
ОЈО го достави обвинението до Кривичниот Суд за убиството на Вања и Панче
-
Пропадна 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен
-
Избори во СДСМ
-
Дали пржинската влада е со поминат рок
-
Експлозија во РЕК Битола, вторпат во два месеци комплетно надвор од мрежа, вели ВМРО-ДПМНЕ
-
Индустриското производство продолжува да паѓа, во април за 1,2%