ВМРО-ДПМНЕ: Заев планира избори, a се зголемува бројот на нови заболени
Додека во регионот епидемијата од корона вирусот драстично се намалува, кај нас процесот е обратен. Хрватска и Албанија бележат по 2 нови случаи, Словенија нема ни еден, а во Македонија бројот на новозаразени се искачи на 40 и дополнително еден почина.
Ако ваквите податоци за Заев, Филипче и СДСМ се успешно справување со епидемијата, тогаш јасно е зошто народот е во страв и паника. Тие наместо да водат политика и да тераат ситни партиски интереси, треба да преземаат конкретни здравствени мерки со цел да се заштити здравјето и животите на граѓаните.
Македонија веќе е на самиот врв во регионот по смртност на милион жители, исто како и по број на заразени на еден милион жители, а речиси на самото дно по број на тестирања.
Пред Заев, Филипче и СДСМ да тераат политика и да брзаат на избори за да го ублажат својот пораз, треба да спроведат повеќе тестирања и масовен скрининг на населението, за да се открие вистинската епидемиолошка слика и врз основа на тоа да се планираат епидемиолошки мерки, но и избори и датуми. Живото и здравјето на граѓаните е врвен приоритет. ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, кога и да се одржат изборите, но прво Македонија треба да ја победи корона епидемијата, а потоа да го победи и Зоран Заев и СДСМ на фер, демократки и кредибилни избори.
ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ.
Со СДСМ и Зоран Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.
Ново на Сител
-
АА: Со напуштање на Владата покажавме колку малку сме корумпирани
-
Нов протест за Фросина денеска во 17 часот пред Универзална сала
-
ЕУ го одобри 17-тиот пакет санкции против Русија
-
Царината спречила шверц на лекови, стоматолошки материјали, очила со диоптер, цигари
-
Зеленски бара директни преговори со Путин во Турција
-
Претрес во валандовско, пронајдена марихуана, приведено едно лице
-
Суд на ЕУ: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините
-
Тричковски стави крај на својата играчка кариера