ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја поништи ДИК
ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на денешната изјава на лидерот на СДСМ Зоран Заев посочува дека тој потврдил дека медиумите под негова контрола два дена оркестрирано шират невистини и ја манипулираат македонската јавност околу бројот на лица кои СДСМ ги прогласи за фантоми.
- Зоран Заев е главниот инспиратот на црното сценарио за фантомизација на цела Македонија, кое вчера се обидоа да го спроведат медиумите на СОРОС и СДСМ. Денес предизвика уште еден скандал. Со неговата изјава, ја поништи Државната изборна комисија и си зеде за право да одлучува и да говори во нејзино име. Наместо ДИК, Заев зборуваше кои граѓани треба да бидат прогласени за спорни, кои треба да се прогласат за фантоми, па дури и за тоа кои граѓани треба да се избришат од избирачкиот список, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
ДИК е таа што носи одлуки околу прочистувањето на Избирачкиот список, а не Заев, стои во соопштението, и се апелира до граѓаните да не подлегнуваат на лагите и фабрикувањата кои ќе ги лиферува СДСМ и нивните медиуми, бидејќи нивната крајна цел е провидна да создадат хаос и тензии во кои единствено знаат да функционираат.
Заев, според ВМРО-ДПМНЕ, е срам за Република Македонија и граѓаните ваквото негово неодговорно и несериозно однесување ќе го казнат на изборите на 5 јуни.
Ново на Сител
-
„Внимавајте“, Народна банка со предупредување до граѓаните
-
Обвинителството изврши увид во Куманово, едно од запалените возила е на јавен обвинител
-
Приведен криумчар на мигранти
-
Опожарени возила и фотокопирница во Куманово
-
Во тек пријавувањето за субвенциониран студентски оброк за 2024/2025 година
-
Лишени од слобода крадци во Скопје
-
Во Маврови Анови наврна 61 сантиметри снег, а најстудено утрово на Попова Шапка - 3 степени
-
Во Австралија запленети рекордни 2,3 тони кокаин