ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче потфрлија, на секој час имаме по 10 заразени од КОВИД-19
Македонија тоне во зараза од КОВИД-19. На секој час во последните 48 часа имаме по 10 заразени.
Само вчера регистрирани се нови 243 случаи.
Заев и Филипче велеа дека бројот на заразени нема да надмине 2.000, а сега тој е 18.602 и е речиси десеткратно повеќе отколку Заев и Филипче не уверуваа.
Заев и Филипче немаат стратегија. Македонија секој ден има нов пик.
И немаизгледи за стивнување на бранот.
Состојбата е уште полоша затоа што власта нема соодветни протоколи ниту во градинките ниту во школите.
Секојдневно гледаме заразени од градинки и одговорност нема.
Состојбата е алармантна и на полето на починати. Во текот на вчерашниот ден починаа 4 лица, со што бројката на починати се искачи на 753. Заев и Филипче немаат контрола над ситуацијата.
Со Заев и Филипче Македонија само ќе тоне.
И Заев и Филипче мора да понесат одговорност за хаосот во кој сме моментално.
Оставка е морален, но и единствено исправен чекор во моментот. Филипче охрабри се - Поднеси оставка.
Ново на Сител
-
Убиено едно лице при тепачка пред казино во Кавадарци
-
ДКСК ќе ја одржи 22. седница
-
Министерот Бесент очекува САД годишно да имаат над 500 милијарди долари приходи од царини
-
Нема активни пожари, под контрола во „Јасен“, во Долнени и на Кожуф
-
Болсонаро е под 24-часовен полициски надзор поради ризик од бегство
-
Сончево и потопло со мала до умерена облачност
-
Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон
-
Трендафилов: Загрижува што нема договор за зголемување на минималната плата