ВМРО-ДПМНЕ: Заев е очаен лажоман, призна дека преговара за идентитетот
Вечерва видовме очаен, осамен и арогантен олигарх кој од петни жили се држи за фотелјата, користејќи брутални лаги, притоа непазејќи дека е воочливо дека е контрадикторен самиот со себе.
Тој чим зине, веднаш ќе излаже. Наспроти розевите очила и неговите лаги реалноста изгледа вака:
Македонија е петта во свет по смртност од КОВИД-19 според Франс прес.Македонија со Заев е хибриден режим што е потврдено од Фридом хаус и трета најсиромашна држава на европскиот континент, според ЕУРОСТАТ.
Македонија е најнесреќна земја во светот потврдено од агенцијата Галуп.
Заев се расрфла со бројки и призна дека ја лажел јавноста кога велеше дека во преговори со Полска и Австрија ќе обезбеди вакцини против корона. И сега наместо општа вакцинација ќе се вакцинира бројка колку што има жители во едно Злетово.
Потоа Заев призна дека директен проблем во разговорите со Бугарија не е само јазикот туку комплетните идентитетски обележја на народот и Македонија. Заев призна дека преговара за идентитетот. Оттука е нејасно зошто Заев се уште преговара кога на маса е идентитетот.
Заев е осамен во неговата намера за реформи на наставните програми откажувајќи се од предметот историја што е анациинален потег кој го осудија сите релевантни општествени субјекти.
Што се однесува за пописот каков е тој инклузивен попис за кој говори Заев во кој власта не прифати ниту еден амандман на опозицијата. Илузорно е да се верува дека една Германија, Шкотска и Ирска кои го одложија пописот поради корона кризата се помалку спремни од најнеспособната влада на Зоран Заев. Тоа јасно говори дека Заев е подготвен за нов фалсификат кој нема да биде признаен од ВМРО-ДПМНЕ јасно посочувајќи дека доколку Заев еднострано продолжи да го турка овој фалсификат се што е во надлежност и на располагање на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи да го девалвира овој политички попис.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ние сме подготвени за разговори, со гаранции од ЕУ
-

Отворен базен во близина на „Партизан Карпош“
-

Прв џез фестивал во Струмица
-

Седум и пол години затвор за жената која ги уби сопругот и свекорот во Кратово
-

Охрид ја прослави европската титула на ГРК Охрид
-

Муртезани за Сител: Со Кошта ќе се разговара за планот за раст и Реформската агенда
-

Фетаи поднесе оставка
