ВМРО-ДПМНЕ: Заев да објави што содржи договорот со Бугарија

ВМРО-ДПМНЕ и денеска побара Владата и премиерот Зоран Заев да ја објават содржината на договорот што планираат да го потпишат со Бугарија.
- Македонскиот народ има право да знае какви отстапки направил Заев, бидејќи експертите од Бугарија толкуваат дека со договорот се става крај на македонизмот, а сиот овој атак не само што не беше демантиран, туку беше премолчен од институциите предводени од СДС, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Потсетуваат дека остануваат уште три недели до најавеното потпишување на договорот со Бугарија, а, како што велат, јавноста единствено што знае е подготвеноста на Заев да ги брише учебниците по историја.
- Додека Заев најавува бришење на учебниците пратеникот во Европскиот Парламент, Андреј Ковачев јавно без тронка срам изјави дека Македонија има 100 проценти фалсификувана историја. Тоа според Ковачев е основата на која се базира договорот за добрососедство кој Заев го договори во Софија, се вели во соопштението.
За партијата спорно е молчењето на Заев на сите изјави дадени од бугарски функционери кои претставуваат директен напад врз Република Македонија иако, како што велат, тој како премиер е должен да ја брани Република Македонија и да работи во нејзин интерес. Уште поскандалозно, според ВМРО-ДПМНЕ, е што ниту МАНУ нема никакви информации што содржи договорот, а молкот на оваа институција за вакви суштински прашања, отвора простор за нови напади и нови омаловажувања.
ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата, е за градење добрососедски односи базирани на взаемно почитување. ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи се што е во насока на подобрување на односите со соседите, но ништо што е во спротивност со интересите на македонскиот народ и држава.
Ново на Сител
-

Тема на денот со др. Ана Пепељугоска Стојкоска, адвокатка
-

Напад со огнено оружје на настан со Трамп, напаѓачот е уапсен
-

Граѓаните прашуваа, пратениците одговараа - кој го кочи патот кон ЕУ?
-

ЗНАМ нема став за двојните државјанства на пратениците
-

ВМРО-ДПМНЕ предлага измени на Законот за концесии и јавно приватно партнерство
-

Македонија ја тресе серија на сексуална патологија - како да се заштитат децата од предатори и уцени?
-

Пчеларите под притисок: Помалку мед, повеќе фалсификати
-

Нови инвестиции за унапредување на туристичките локалитети во Ново Село
