ВМРО-ДПМНЕ: Заев бега од распишување предвремени парламентарни избори

Десет дена Зоран Заев се крие и бега од распишување на предвремени парламентарни избори заедно со редовните претседателски.
Заев замина на луксузно зимување во Германија каде смислува причини зошто не треба да излезе на избори и да се соочи со гневот на народот за неговите антидржавни политики. Оправдувањата дека ќе биле закочени реформите се смешни и провидни. Реформи немаше две години, а уште помалку ќе има во месеците кога нема да работи Собранието и политичките субјекти ќе бидат фокусирани на кампањата. Реформи немаше ниту во здравството, образованието, економијата, екологијата или кој било ресор што немаше никакви допирни точки со капитулантските преговори за распродажба на името.
Вистината зошто Заев и СДСМ бегаат од избори не се наводните реформи. СДСМ и Заев бегаат затоа што знаат дека губат. Граѓаните не го поддржуваат СДСМ и Заев.
Граѓаните не ги оправдуваат антидржавните политики на СДСМ и истите ќе ги казнат. СДСМ нема легитимитет ниту за промена на уставното име, ниту за неуставниот закон за двојазичност. СДСМ нема легитимитет за ништо што прави. СДСМ треба да се охрабрат и да распишат избори за да го проверат сопствениот легитимитет и кредибилитет.
Изборите се единствениот излез од оваа криза во која ја втурнаа државата. Државата е потоната во црнила. Здравството е девастирано, образованието во хаос, земјоделието на колена, а безбедноста нарушена. Република Македонија губи на секое поле. Граѓаните се понижени.
Сите ветувања кои ги дадоа се испоставија како огромни лаги. Ветуваа дека ќе го решат проблемот со загадувањето, сега две години подоцна ништо од тоа што го ветуваат не реализираа.
СДСМ мора да си замине. Република Македонија не смее да продолжи да тоне. Граѓаните заслужуваат подобра иднина.
Ново на Сител
-

Иран, првпат по примирјето, ги нападна ОАЕ
-

Зголемување на цените на нафтата по нападот во ОАЕ
-

Три германски партии го напуштија Икс, тврдејќи дека шири пропаганда и дезинформации
-

Македонските кикбоксери блеснаа во Вараждин: 15 медали на ВАКО Европскиот куп и 4 медали на купот за почетници
-

Пожар во индустриска зона во ОАЕ по напад со дрон од иранско производство
-

Сиљановска-Давкова на панел со Макрон и Мелони: Европската интеграција на Западен Балкан е предуслов за ефикасна борба против трговијата со дрога
-

Муцунски: Во тек разговори со земји членки на ЕУ за летните гранични метежи
-

Владата ја почна кампањата „Мај - месец на Европа“ во соработка со европските партнери
