ВМРО-ДПМНЕ: Заев барал совети од мафијашот Пекер како да раководи со мафијашка организација?
Зоран Заев и должи одговор на јавноста дали со мафијашкиот водач Седат Пекер, кој јавно призна дека бил гости во домот на Заев, разговарале за богатото криминално минато на Пекер и за тоа како се раководи со мафијашка организација.
Дали Седат Пекер во домот на Заев договорил да добие лажни патни исправи со името Џадин Ахмедовски, со кои ќе може полесно да ги извршува своите активности? Што му понудил за возврат Седат Пекер на Заев, совети за водење мафијашка банда, грабежи, закани, рекет или некој друг вид на криминал?
Куќниот пријател на Зоран Заев, Седат Пекер, во своето богато криминално минато е обвинуван од судовите за убиства, поттикнување на убиства, рекет и изнуда меѓу многуте кривични дела.
Пекер е осудуван многупати, меѓу другото и за создавање и раководење со криминална мафијашка организација, грабежи, измами и киднапирања.
Пред неколку години обраќајќи се кон академици од светот, потписници на писмо со кое Пекер не се согласувал, изјавил: „Ќе ви ја пролееме крвта да тече како во поток и ќе гледаме како се давите во сопствената крв“. Дали куќниот пријател на Заев со премиерот разговарале и на оваа тема?
Попусти се обидите на владата да го покрие срамот и криминалот на Зоран Заев и други припадници на СДСМ. Стана редовна пракса функционери на СДСМ да се блиски со мафијаши и криминалци. Ако органите на правосудството не ги истражат овие криминални врски сега, истите ќе бидат предмет на темелна и сериозна истрага веднаш по ослободувањето на правосудството од притисоците на Заев и неговите соработници.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Претреси во Битола и Македонски Брод, пронајденo оружје и муниција, лишени од слобода две лица
-
Гаши: Значајните историски датуми се потсетник дека треба да дејствуваме заедно во градење современа и просперитетна држава
-
Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред
-
Претседателката Сиљановска Давкова упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба
-
„Мета“ го враќа препознавањето лице на „Фејсбук“ и „Инстаграм“
-
Вардар 1961 поразен од Порто во ракометната Лига Европа
-
Македонија го одбележува 23 Октомври, Денот на Македонската Револуционерна борба
-
Мерката за замрзнување на маржите до крајот на октомври, синдикалната кошничка намалена за 57 денари