Македонија
28. November 2022 - 12:07

ВМРО-ДПМНЕ: За што разговарале Арсовска и Ковачевски на тајна средба во Владата?

Наместо СДС и Данела Арсовска да прават политика од хаосот во град Скопје веднаш да се исплатат заостанатите долгови кон приватните превозници.

Кога Арсовска има пари за неуспешен пи-ар, тогаш може да најде пари и за превозниците.

Наместо да ги прогласува за криминалци нека седне и нека го реши проблемот.

Што се однесува до политиката која ја прави СДС од целиот овој случај, добро ќе биде да кажат што барала Арсовска на тајна средба со Ковачевски во Владата минатата недела?

Зошто молчат за темите на разговорот и  нивната полутајна коалиција?

Секој ден Арсовска дава оправдување на потегот да се повлече поддршката за нејзиното погубно водење на градот.

Центар за комуникации со јавност на ВМРО-ДПМНЕ