ВМРО-ДПМНЕ: За две недели се потрошени 20,5 милиони евра од Буџетот
ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција обвини дека Владата на СДСМ за 14 дена потрошила 1,2 милијарди денари, односно 20,5 милиони евра за стоки и услуги, односно патни и дневни расходи за претставниците на власта, инвентар за нивните канцеларии и за вработувања на партиските послушници.
- СДС за да може да се расфрла со парите на граѓаните, и да троши по 20 милиони евра за патни трошоци и партиски вработувања, за само 87 дена ја задолжи државата за неверојатни 145 милиони евра, а од државните резерви стопи 177 милиони евра. Политиката на огромни задолжувања, која ја спроведува владата на СДС забрзано ја води Република Македонија кон банкрот, изјави на прес-конференцијата Лука Кржалоски.
Според него, СДСМ не размислува за иднината на државата и граѓаните и затоа ги задолжува уште неродените генерации со стотици милиони евра.
- СДС ги задолжува идните генерации за да ги покрива партиските вработувања и патните трошоци на Заев. Ова е сосема спротивно од ветувањата на Заев пред изборите. Граѓаните сега можат да видат дека Заев се што рекол, излажал, рече Кржалоски.
Тој исто така ја обвини Владата дека секојдневно се одвојуваат милиони денари за невладините организации. - За само еден ден на 24. овој месец Владата префрлила 1.4 милиони денари кон истите, тврди претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните, кажа тој, ќе му стават крај на самоволието на СДСМ на 15. октомври.
Ново на Сител
-
Зелено претприемништво за млади
-
Преглед на вестите од светот
-
Oпштокорисна работа за вандалите и нивните родители кои ќе уништуваат јавни површини
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Анализа: Како да се справиме со негативното влијание на интернет просторот?
-
Д-р Беќаровски: Труење со поголема количина на парацетамол предизвикува неповратно оштетување на црниот дроб
-
Убиецот на Емилија го призна делото, обвинителството бара доживотна казна затвор
-
Експертите бараат брза реакција од надлежните за побезбедни патишта