ВМРО-ДПМНЕ: За два дена Заев ја задолжи Македонија за 850 милиони евра
За два дена Заев ја задолжи Македонија за 850 милиони евра, државата на апарати
За два дена Заев ја задолжи Македонија за 850 милиони евра. Државата е ставена на апарати.
Заев издаде еврообврзница од 700 милиони евра, за која треба да плати камати од 80 милиони, и на домашниот пазар се задолжи за 70 милиони, вкупно 850 милиони.
Заев со ова задолжување се спасува од банкротот кој беше неминовен како резултат на лошите политики и неадекватното менаџирање на кризата.
Долгот со овие задолжувања официјално ќе скокне над 7 милијарди евра, и 65% од БДП.
Ова задолжување е само за крпење на дупки, и доколку нема промена на политиките, наскоро ќе ни треба ново задолжување. Државата ќе тоне, пари нема, а каматите ќе стануваат се поголеми.
Затоа наместо на крпење на дупки државата треба да се насочи кон развој.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
ДИК не донесе упатство
-
Њујорк или Бурса: Чаирчани ќе избираат помеѓу два архитектонски концепти
-
Дворот на УКИМ речиси празен: Без големи гужви почнаа уписите на факултетите
-
Заштеда до 2.000 денари по ученик ќе донесе Училишната кошница
-
Јавното здравство должи повеќе од 72 милиони евра – од ФЗО велат дека месечно го следат работењето на ЈЗУ
-
Се уште активен пожарот на Јасен
-
Мерката училишна кошница е во тек
-
Модернизација на Националниот електронски систем за документи