ВМРО-ДПМНЕ: Вредноста на 30.000 денари сега и пред една година не е иста
Малку кој веруваше дека ќе имаме двоцифрена инфлација која е една од највисоките во регионот. Малку кој веруваше дека за една година цените на основните животни потреби на граѓаните ќе се зголемат од 30 до 100%.
Цената на струјата е покачена за 30%, цената на горивата е покачена за 80%, цените на лебот и брашното се покачени за 100%, шеќерот за 40%, млекото за 50% , маслото за јадење е двојно поскапо итн.
Стандардот на граѓаните е уништен. Платите ја изгубија својата вредност. Прашањето кое треба да си го постават во владата е колкава вредност имаат 30 илјади денари сега, а колку имале пред една година.
Ковачевски треба наместо со евтини пи-ар трикови и снимени обраќања, да се симне меѓу народот и да ја види растечката сиромаштија.
Над 35% од граѓаните се во ризик од сиромаштија. Над половина милион граѓани живеат со 150 денари дневно, а власта во исто време предвидува стотици милиони евра за непродуктивни трошоци како набавки на мебел, службени возила, цвеќиња, кафиња, жардињери, плаќа криминални физибилити студии и испумпува пари во партиски фирми преку матни тендери.
Криминалот, неодговорноста и неспособноста на оваа власт на СДСМ и ДУИ народот скапо ја плаќа.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Груби – Хулман: Патот кон ЕУ се отвора со францускиот предлог
-
Таравари: Протестите на места каде што мнозинството се Албанци е провокација
-
Бик го уби својот 82-годишен сопственик во Гостивар
-
Комеморативна седница по повод Денот за сеќавање на геноцидот на Сребреница
-
20-годишник со „пежо“ удрил во пешак и избегал, полицијата го пронашла и го привела
-
Арсовска му врати на Таравари: Соработката ни е завршена уште вчера
-
Горивата поевтинуваат од полноќ
-
МВР: Категорично ги отфрламе невистините пласирани од ВМРО-ДПМНЕ и Чулев