ВМРО-ДПМНЕ: Во здравството се спроведува најголемиот инвестициски циклус
ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната изјава на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов наведува дека СДСМ се обидува да ги дискредитира капиталните проекти во здравството на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и оти залудно се обидува да фрли дамка на здравствениот систем, во кој се спроведувал најголемиот инвестициски циклус во македонското здравство.
- Околу 110 милиони евра изнесува инвестицијата за градби и реконструкции на јавни здравствени установи низ државата кои се веќе комплетно завршени или се во тек, се вели во реакцијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека изградиле нова Детска болница во Козле, нов објект за ПЕТ-Центарот, реновирани и реконструирани се бројни болници и здравствени домови низ државата, а во Штип се одвиваат градежни работи за изградба на нова клиничка болница - инвестиција вредна околу 56 милиони евра. Во тек се и реконструкциите на болниците во Велес, Прилеп, Битола, Струмица, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид и друго.
- Во македонското здравство се инвестирани над 115 милиони евра за набавка на нова, најсовремена медицинска опрема со која сериозно го подигнавме квалитетот на здравствените услуги. Првпат отворивме и успешно функционираат државна кардиохирургија, детска кардиохирургија, интервентна кардиологија. Ова е реалната слика за македонскиот здравствен систем, наспроти лажната слика која СДСМ се обидува да ја креира низ личните фрустрации, неуспеси и ниту еден реализиран проект во било кој сегмент од здравството, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
МОН ќе ги покрива трошоците за учество на средношколци на меѓународни научни олимпијади
-
Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии
-
Арбен Таравари си поднесе оставка од министерската функција
-
Притвор за дилер од Битола, продавал марихуана на деца
-
Лавров: Ситуацијата околу преговорите во Истанбул е интригантна, ќе има тешки разговори
-
Дизелот поскапува, цената на бензините останува иста
-
Полицаец фатил 15-годишник како вози па бил нападнат од него и неговиот татко
-
Малолетник силувал 14-годишник во Карпош