Македонија
18. September 2016 - 17:00

ВМРО-ДПМНЕ во Тетово ја посочува градоначалничката Теута Арифи како виновник за проблемите во градот

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ на прес конференција ја посочија градоначалничката на Тетово како главен виновник за тоа што се уште нема решение за гимназијалците од македонска настава. Според нив општината треба да најде начин за да се обезбдат училници  во централниот објект на гимназијата. 

Од општинскиот комитет сметаат дека поради погрешните политики на локаланата власт нема да се реши проблемот со загадениот воздух.

Изминатите неколку месеци недоразбирања на релација ВМРО - ДПМНЕ и градоаначалничката се карактетристика и за работата на Советото на општина Тетово.