Македонија
25. March 2024 - 12:29

ВМРО-ДПМНЕ во програмата Платформа 1198 се обврзува на нови 55 000 работни места


Пред стартот на предизборната кампања партиите ги интензивираат активностите.

Двете најголеми политички партии викендов ги презентираа програмите со кои ќе ја бараат поддршката на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ во програмата Платформа 1198 се обврзува на нови 55 илјади работни места, до 5% годишен раст на економијата и намалување на невработеноста до 7.5%.

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе креира 10 годишна нова стратегија за привлекување на инвестиции и ќе направи реформа во системот на поддршка на странските инвестиции и на извозот.

Економија ќе расте, продуктивноста ќе се зголемува, платите на граѓаните и благосостојбата ќе достигнат нови височини.

Време е да ја вратиме државата на народот, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.