ВМРО-ДПМНЕ: Во нова опрема за здравството инвестирани се над 100 милиони евра

ВМРО-ДПМНЕ во денешната писмена реакција на обвинувањата од СДСМ кои се однесуваа на здравството наведува дека во време на СДСМ стентови се продаваа под маса, осум месеци се чекаше за ангиографија и неретко срцевите болни не успеваа ни да ја дочекаа, на клинички работеше еден компјутерски томограф, а за зрачна терапија граѓаните мораа да одат до Грција, бидејќи тука акцелераторите не работеа.
- Тргнати со идејата дека сто пати кажана лага станува вистина, повторно и упорно бесрамно лажат и за бројот на починати доенчиња во Македонија. Лажат за инсулинската терапија. Лажат дека сме последно здравство во Европа, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Во нова опрема за здравството, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, се инвестираа повеќе од 100 милиони евра.
- Кога Јагода Шахпаска е доктор, таа е задоволна од инвестициите на владата на ВМРО-ДПМНЕ, а кога треба да е портпарол на некрофилите од СДСМ, тогаш бесрамно лаже, се наведува во реакцијата.
Ново на Сител
-

Хуманитарна планинарска прошетка за родители и деца во организација на ЗПСК Кожуф
-

Отворени 54-те Мајски оперски вечери
-

Без струја дел од Пинтија и Студеничани
-

Путин вели дека според него, конфликтот во Украина се движи кон својот крај
-

Катарски танкер помина низ Ормус, прв извоз на течен природен гас од регионот од почетокот на војната
-

Крузерот погоден од епидемија на хантавирус пристигна на островот Тенерифе
-

Меѓународна атлетска трка во Скопје
-

Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне повремен локален дожд
