ВМРО-ДПМНЕ: Во Македонија се плаќа гориво како во Германија, само што таму платите се 10 пати поголеми

Премногу е, Ковачевски ги зголеми цените на горивата и храната за да го полнат буџетот, кој го крадат.
За два дена цените на горивата и храната пораснаа за 15 денари. Тоа е така зошто Ковачевски го испразни буџетот на крадење и тендери, а свеж прилив на пари во буџетот нема.
Поскапувањето на горивата се должи на зголемената акциза која ја донесоа до ова ниво СДСМ од 2017 година до денес. Во Македонија се плаќа гориво како во Германија, само што таму платите се 10 пати поголеми.
За еден ден заради Ковачевски лебот, брашното и шеќерот станаа 60 денари.
Цените на храната делумно се покачени и затоа што СДСМ во изминативе години го уништи и земјоделието. Па така и до 60.000 тони од годишната потрошувачка на пченица се увезува, истото е и со сточната храна, со млекото, месото. Се е поскапо затоа што нема домашно производство.
СДСМ нема план како да излезе од кризата во која ја внесе државата. Секој ден народот е се посиромашен. Премногу е! Протест за промени на 18-ти јуни во 20 часот пред влада.
Ново на Сител
-

Во Крушево почнува манифестацијата „10 Дена Крушевска Република“
-

Рама: Воздушниот простор за време на самитот на НАТО ќе биде заштитен со супер интелигентни дронови произведени во Албанија
-

Мигранти се обиделе да влезат и во шпанската енклава Мелиља
-

Трамп се закани со масовни напади врз Иран
-

Премиерот Мицкоски во Дебар на доделување станови за социјално загрозени категории на граѓани
-

Следува период на многу топло време, здравствените власти со препораки до граѓаните
-

Владата донесе одлука за кризна состојба во државата поради зголемени ризици од пожари
-

ИЈЗ со препораки за заштита на здравјето при патување
