ВМРО-ДПМНЕ: Во изминатиот период зголемени платите во судството
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираше на денешната изјава на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов во врска со платите на судската администрација за време на штрајк.
- СДСМ денеска покажа дека штрајкот на мал дел од судската администрација е само во функција на нивниот страв од изборно соочување и продолжение на деструктивното однесување. Во изминатиот период платата на раководните судски службеници е зголемена над 15 проценти, на стручните судски службеници над 20 проценти, а на административно-техничките над 30 проценти, посочува ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму истакнуваат дека СДСМ покажува лажна грижа за судската администрација, додека нивни блиски добиваат големи плати во Специјалното јавно обвинителство.
- СДСМ знае дека нема бегање од одговорноста и дека порано или подоцна правдата ќе го стигне единствениот политичар кој е аболициран за криминал тежок 8 милиони евра. се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
СДСМ бара кривична одговорност за началникот
-
Тема на денот со Иван Анастасовски, професор на Факултетот за физичко образование
-
Еден убиен и четворица повредени во вооружена престрелка во Тетово
-
Разрешен началникот кој сакаше без налог да ја уапси директорката од Демир Хисар
-
Трибини - Место за гордост или сцена за инциденти?
-
Независните се сомневаат во одлуката на ДИК за кандидирање преку потписи
-
Топлотниот бран донесе зголемен број пациенти со мозочни и срцеви удари
-
Високите температури ги реактивираат пожарите