ВМРО-ДПМНЕ: во интерес на процесот не се откриваат детали за преговорите
Тече процесот на преговори со политичките партии за состав на нова Влада, но во интерес на постапката не се откриваат детали, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Партискиот портпарол вели партијата континуирано одржувала комуникација со останатите политичките партии.
-Како што веќе знаете, изминатиот период претседателот на партијата Христијан Мицкоски имаше средба со Лидерот на ДУИ, Али Ахмети која се одржа во Собранието а за која ја информиравме јавноста. Во интерес на процесот, во овој момент не може да се откријат детали од текот на преговорите, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој повторно побара одговори од СДСМ да открие со кого партијата формирала мнозинство, и ја нарече пишман партија бидејќи по вчерашната средба на генералниот секретар Николовски со Артан Груби од ДУИ, доцна вечерта партија информирала дека нема постигнато договор за формирање парламентарно мнозинство.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости