ВМРО-ДПМНЕ: Власта купува 5 пати поскапа струја, од тоа што државата сама може да произведе
Власта купува 5 пати поскапа струја, од тоа што државата сама може да произведе.
Во изминатите неколку дена државата потроши над 9 милиони евра за купување на струја, по цена и до 250 евра од мегават час. Тоа е и до 5 пати повеќе отколку цената на произведен мегават час од македонските електрани.
Нема домашно производство и половина од потрошувачката е увозна затоа што Заев ги испразни езерата и ги остави на раб на исчезнување, а РЕК го остави без јаглен.
Во сред грејна сезона нема јаглен на депонијата во РЕК.
Власта наместо да инвестира во нови ископи и копање на јаглен се фели на матни тендери и ги потроши парите на граѓаните, за сега да префрла нови 65 милиони евра на ЕЛЕМ и МЕПСО да ги покриваат дупките кои сами ги создадоа.
Доколку на време се копаше јаглен во РЕК, и акумулациите се третираа професионално, сега воопшто немаше да има потреба ниту од увоз на јаглен, ниту од увоз на скапа струја, ниту од никакви други матни тендери. Но наместо на работа, власта се фрли на криминал. И затоа сме пред енергетски колапс.
Оваа власт нема капацитет да се справи со енергетската криза.
Оваа власт мора да си замине.
Ново на Сител
-
Лишен од слобода маж од Порој поради кривично дело убиство
-
Без вода жителите од Сопиште и Чаир
-
Лишен од слобода 24 годишник од Кочани за издржување казна затвор од 7 години
-
Приведен бегалец од затвор
-
Тетовец со „тигуан“ шверцувал пиротехнички средства на Јажинце | ФОТО
-
Кражба на струја во Кавадарци
-
ЦУК: Шест пожари на отворено изминатото деноноќие, еден сѐ уште активен
-
Сиљановска Давкова - Радев: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на вредностите на ЕУ