ВМРО-ДПМНЕ: Владата што Заев ја води потфрли на секое поле
Зоран Заев денес повторно ги понижи жените во Македонија, особено членките на неговата партија, со самиот факт што повторно ги лажеше и манипулираше.
Владата која што тој ја води потфрли на секое поле, освен во криминалот, корупцијата, непотизмот. Реалноста е дека економскиот раст на Македонија е убедливо најнизок во Европа и регионот, над 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, стандардот од ден во ден паѓа исто како што се урнисува и здравството, образованието, земјоделството и слично.
Неговата лажна социјал-демократија се претвори во деспотизам во кој се фрла солзавец врз граѓани, возрасни жени, мајки и сопруги само заради изразена критика на неговата капитулантска политика. Деспотизмот се гледа и врз упадите во домовите на граѓани кои ја критикуваат власта на социјалните мрежи и при апсењата со специјалци на пратеничка пред очите на нејзините деца. Деспотизмот се гледа и во неговиот однос општо кон граѓаните на кои им ги повторува истите лажни ветувања пред секои нови избори, а посветен е само на личното богатење и богатењето на крими картелот преку наместени тендери, грантови или јавни набавки.
Граѓаните ова ќе го казнат на претстојните избори, кога јасно ќе му кажат не и ќе гласаат за горда Македонија и на тој начин ќе почне демонтирањето на неговиот деспотизам.
Ново на Сител
-
Реакција од медиумите и СИРИЗА
-
Ставот на Мицкоски е во согласност со Преспа
-
Опозицијата смета дека програмата на новата влада е далеку од дадените ветувања
-
Почнав со училишен бенд, стигнав до Макфест | Јана Спирковска | Sitel Podcast 046
-
Удрен пешак во Скопје
-
Повредени две деца и две жени, возач удрил во нивното возило и избегал
-
Нов голем напад на руските сили врз украинската енергетска инфраструктура
-
Од утре попладне пороен дожд и грмежи