ВМРО-ДПМНЕ: Владата планира долгот да го качи на 9 милијарди евра следните години
Владата планира да го качи јавниот долг 9 милијарди евра. Според Стратегијата за управување со јавниот долг на Министерството за финансии, Заев, Ахмети и Бесими планираат нето-долгот да го зголемуваат за нето-сума (чист долг без отплати) од половина милијарда евра годишно. За да го постигнат ова што го смислиле, ќе користат и нови инструменти за задолжување, како „зелени обврзници“, кои ги споменуваат во Стратегијата.
Она што е најтрагично/најиритантно во целата работа е дека е ова е дури „најрозовото сценарио“. Ова е нереалната „најповолна опција“, која реално ќе биде многу полоша - имајќи ја предвид растрошната природа на оваа влада и нејзината економска неспособност.
Имено, владата го планира ова задолжување врз основа на проектирани стапки на континуиран повеќегодишен раст од 5% раст и повеќе од БДП - стапки кои реално нема капацитет да ги постигне, за што сведочат низа извештаи од меѓународни финансиски институции и кредитни агенции, кои лимитот за економскиот раст на економијата на Република Македонија на среден рок го сетираат на 3%.
Исто така, Влада го проектира овој долг врз нереално ниски буџетски дефицити - разликата на приходи и расходите во буџетот, кои треба да се покријат со задолжување. Реално, планот е да се дуплираат дефицитите, како што се случи и со овогодишениот ребаланс. Ова значи нови стотици милиони евра задолжувања.
Согласно агендата на Владата, во следните неколку години долгот ќе се дуплира и во апсолутен износ и како процент на БДП. Парите како и досега, ќе се трошат на луксузирање и остварување на партиската агенда на СДСМ и ДУИ.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Акцијата за чистење на Скопје е успешна, собрани 4.500 тони смет
-

31 питомец и 28 слушатели од курсот за офицери и штабни службеници дадоа свечена заклетва во Воената академија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Борче Треновски универзитетски професор
-

Го исполни ли Ѓорѓиевски ветувањето - чист град за 72 часа?
-

Премиерот готви реконструкција – партиите се спремаат за конгреси
-

Во петок ќе почне комисиската расправа за предлог - буџетот за 2026
-

АХВ спречи 37 тони небезбедна храна да стигне до потрошувачите
