ВМРО-ДПМНЕ: Владата нема капацитет да овозможи приближување до европските стандарди
Единствените реформи кои одродената и криминогена власт ги реализираше во овие неполни две години се криминалните тендери, непотизмот, злоупотребата на институциите и општиот грабеж на народните пари.
Реформите за оваа влада се само мртво слово на хартија. Половина мандат им помина, а од извештајот на Прибе не е остварена ниту една значителна реформа. Довербата на граѓаните во институциите е се помала, а Македонија тоне на листите на корупција.
Целата неспособност и неодговорност која што ја демонстрираа јасно покажува дека оваа влада не е реформска, туку е анти-реформска. Македонија е заложник на криминалниот картел на власта кој секој ден го гледа како нова можност да додели тендер за некоја семејна фирма на висок владин функционер, да додели грант или да вработи некој нивни близок роднина во државна институција за висок хонорар.
Впрочем оваа Влада нема апсолутно никаков капацитет да овозможи приближување до европските стандарди, затоа што под европски вредности не се подразбира доделување на тендери на фирмите на вицепремиерот, доделување на концесии на братот на премиерот, сомнителни зделки во здравството, образованието и секој сегмент во државата. Реформите во правосудството ги води Зоран Заев, единствениот политичар аболиран за тешки криминали.
Оваа влада предводена од Заев е канцер кој ја зафати целата држава. Заради арамилакот тоне економијата, а тоа го покриваат со зголемување на даноците или нови задолжувања на грбот на се посиромашните граѓани.
На граѓаните им останува само својот гол живот да го сочуваат, но и тоа им е се потешко бидејќи убиствата станаа секојдневие, по улиците хараат криминалците кои се пуштени од затворите, а рекетот и насилството ги полнат страниците на црната хроника.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Собранието обоено во портокалова боја по повод светската кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“
-

Пожар во близина на црквата „Свети Спас“ во Стара Чаршија
-

Русија го блокира „Снепчет“
-

Меланија Трамп: Уште седум украински деца вратени од Русија
-

После две години скопјани добиваат субвенции за инвертер клима уреди
-

Мицкоски: И утре да ги внесеме Бугарите во Устав, прашање е само дали за 3, 6 или за 9 месеци ќе имаме нов услов
-

Германија вети уште 100 милиони евра помош за украинскиот енергетски сектор
-

Намалена видливост поради магла до 50 метри на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и во Крушево
