ВМРО-ДПМНЕ: Владата направи директен упад во правната држава со измените на КЗ
Настапите на Ковачевски се само форма без содржина. Се му е во стилот „јас не сум од овде“ или „купи ден помини“.
Ковачевски треба да знае дека владата на ДУИ и СДС со измените на Кривичниот законик направи директен упад во правниот систем и правната држава и тој е лично одговорен за тоа што сегашни судски процеси застаруваат. Правдањето со некакво усогласување со европско законодавство беше демантирано до страна на европските претставници и истото ќе го чуеше Ковачевски неколку минути после тоа, ако не побегнеше од прес конференцијата која сам ја најави. Тој е лично одговорен за тоа што се воспоставува култура за неказнивост.
Доколку пак мисли дека со измените на Кривичниот законик ќе се спасат актуелните функционери од кривично гонење за сторениот криминал, многу се лаже. А, уште повеќе се лаже ако мисли дека ќе се вади на тоа дека во влада никој не го есапи и одлуки се носеле во негово отсуство.
Одговорност ќе има и таа одговорност ќе ја почувствува кога ќе се охрабри да се соочи со народот.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
По седум години повторно отворен комплексот „Македонско село“
-
Борозан останува во Вардар и следната сезона
-
33-годишно лице нападнато во казино од обезбедувањето на објектот
-
Кривична против 32-годишник, се заканувал со нож и се обидел физички да нападне едно лице
-
Сообраќајка во Скопје помеѓу „ауди“ и службено возило на МВР
-
Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба
-
Мицкоски за најавите за штрајк во М-НАВ: Се закануваат оние кои правеа упад и кои тепаа
-
Денеска средба помеѓу родителите на починатите во пожарот во Кочани и јавните обвинители