ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ е антиреформска
ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ ја интересираат само популистички мерки, а не проекти кои даваат резултати на долг рок. Поради тоа, како што оценува во денешното соопштение, рокот на оваа Влада нема да е долг.
- Оваа Влада не е реформска, туку антиреформска. Анти-
Според партијата, додека народот ги очекува ветуваните поголеми плати, пензии, просечната плата од 30.000 денари, СДСМ се обидува да дефокусира со скапо платена, деструктивна и лажна црна пропаганда против ВМРО-ДПМНЕ.
- Владата на СДС и аболицираниот криминалец Зоран Заев ветуваа дека ќе ги вратат младите во Македонија и дека ќе тече „мед и млеко“. Во текот на кампањата им ветуваа на лекарите дека ќе земаат 100.000 денари, а сега велат дека тоа им е цел која би се остварила до крајот на мандатот. Атентатот, пак, што се случи врз Никола Тодоров е директна последица на хистеричната и неаргументирана хајка што СДС и невладините организации финансирани од Сорос ја реализираат неколку години. СДС има одговорност и тоа не може да го сокрие преку лажни реакции и изјави, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Тешка битка со пожарите - спасен живототот на припадник на армијата кој се борел со огнот
-
Мицкоски во Пустец
-
Пожари го пеполосуваат Балканот и поширокиот регион
-
Во Ургентен на Клинички дневно имаат по 10-15 повредени во сообраќајни несреќи
-
Физичка пресметка со секира во центарот на Струмица, еден приведен, друг во бегство
-
Муцунски на состанок за мир во Истанбул – стратешка цел на Западен Балкан е полноправно членство во ЕУ
-
СДСМ бара оставка од министерот за спорт