Македонија
10. March 2022 - 14:30

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Ковачевски продаде супер атрактивно земјиште по само 7 евра по м2

Во истиот ден кога Ковачевски порача рационално да се трошат парите на граѓаните, неговата влада продаде супер атрактивно земјиште по само 7 евра по м2 среде Скопје.

Рационално ли е да се продаде државно земјиште по 7 евра за метар квадратен каде станбен простор чини 2000 евра по м2.

Ова ли е рационалното трошење на Ковачевски?

Од СДСМ гледаме само рационално крадење.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ