Македонија
5. October 2017 - 9:55

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на чело на Зоран Заев поддржува и продуцира криминал и беззаконие

Владата на чело на Зоран Заев поддржува и продуцира криминал и беззаконие. Генералниот секретар на владата молчи и не одговара до кога планира да го крши законот и зошто не поднесува оставка бидејќи е незаконски да се биде Генерален секретар на влада во исто време и претседател на Собрание на акционери на Телеком за хонорар од 500 евра по одржана седница, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека Рашковски спротивно на закон се само назначи на позиција во Телеком за 500 евра хонорар. Значи Рашковски секој месец инкасира над 1.000 евра плата, и по 500 евра од одржана седница во Телеком

-Законот е кристално јасен: Согласно член 18 од Законот за спречување на судир на интереси, службеното лице Драги Рашковски не може да биде член на управен или надзорен орган во трговско друштво, јавни претпријатија, агенции, фондови, и сите други организациони облици со доминантен државен капитал, што значи дека Законот за спречување судир на интереси не дозволува Драги Рашковски како Генерален секретар на владата да биде назначен и за владин претставник во Собранието на акционери на Телеком, стои во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека со непотизам и оштетување на буџетот, Рашковски брутално без срам го крши законот на државата.

-Рашковски молчи за кршење на законот. Молчи и за непотизмот кој го рашири низ институциите. Неговата баба, Елена Начевска, мајка на неговата сопруга Вероника Начевска беше претседател на Комисијата за жалби. Исто така  неговиот кум, Дејан Костиќ беше ангажиран за адвокат на Генералниот секретаријат на владата и покрај тоа што владата има правна служба. Дрвото на непотизам на Рашковски влечело илјадници евра од државата во приватни џебови и за тоа ќе одговараат. Овие лица треба да ги вратат парите кои ги испумпаа по основ на плати и хонорари од буџетот. Одговорност за граѓанските пари мора да има, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека граѓаните ќе ја искористат шансата и на 15-ти октомври ќе ја казнат расипничката и неодговорната влада на Заев.