ВМРО-ДПМНЕ: Владата ја клекна економијата на колена
Задолжувањето кое го најавува Бесими е резултат на неспособноста и криминогеноста на владата.
Фатмир Бесими најави ново задолжување, под превезот за буџетски потреби. Тоа буквално значи дека владата ја клекнала економијата на колена и во буџетот немаме намалени проливи, а зголемени расходи.
5 години ВМРО-ДПМНЕ предупредува на лошите економски политики, проследени со криминал, корупција и местење тендери, 5 години владата продолжува со исто темпо и резултат веќе сите го гледаме.
Државата има јавен долг над 7 милијарди евра, а повеќе не се задолжуваме како држава за нови проекти, туку за буџетско одржување, т.е. преживување.
Потребни се итни мерки за заздравување на економијата и поттикнување на економскиот раст, а тоа се процеси кои СДСМ и ДУИ не можат да ги водат. Затоа потребни се предвремени избори час поскоро.
Ново на Сител
-
Опозицијата иницира надзорна расправа за решавање на проблемот со загадениот воздух
-
Граѓаните се повеќе пријавуваат лекари кои им побарале мито
-
Потребни се итни мерки за заштита на охридскиот регион
-
Учениците знаат за селекција, но немаат услови за примена
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова анкета за довербата во правосудството?
-
Тема на денот со Жана Базби, бизнис психолог и психотерапевт (Лондон)
-
Битoлски хирург фатен како прима поткуп по направена операција на жолчка