ВМРО-ДПМНЕ: Владата да преземе конкретни мерки наместо да спроведува антиреформи

Владата да донесе итна одлука за 100-процентно обесштетување на овоштарите, за најмалку 50 отсто да ги зголеми субвенциите за одржување на овошните насади и да се вклучи во пронаоѓање нови пазари за извоз на праски, како и во заштита на македонските земјоделски производи, апелира ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата преку соопштение и порачува на СДСМ да преземе конкретни мерки, наместо, како што наведува, да држи празни прес-конференции и да спроведува антиреформи.
- Владата на СДС не смее да ги игнорира секојдневните проблеми на земјоделците. Тие се соочуваат со сериозен проблем со откупот на праски и ситуацијата е алармантна. Наместо да држи празни прес-конференции, СДС нека излезе со сет реални мерки за да им помогне на земјоделците. На земјоделците им е потребна континуирана грижа, а не залажување со неефективни мерки, стои во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека граѓаните ги очекуваат и другите предизборни ветувања на СДСМ.
- Граѓаните очекуваат минимална плата од 16.000 денари и просечна плата од 30.000 денари, а докторите очекуваат плата од 100.000 денари. СДС треба да им каже на граѓаните до каде се новите 500 километри автопат кои им ги вети, во исчекување се и да им исплати по 30.000 денари со поврат на 15 отсто од потрошеното ДДВ, што беше едно од носечките ветувања во програмата на СДС, подвлекува ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Голема акција против нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи
-

Тема на денот со Златко Перински, директор на Фонд за здравство
-

Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
-

Сведоци за полицајците во „Пулс“: Одбиваа да помогнат на повредените
-

Физички нападнат гинекологот Огненовиќ додека прегледувал пациенти во својата ординација
