ВМРО-ДПМНЕ ветува мерка „Мојот данок за мојот проект, во мојата општина“
ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи секој граѓанин да одлучи за кој проект во неговата општина ќе биде потрошен неговиот данок.
Мерката „Мојот данок за мојот проект, во мојата општина“ е мерка со која ќе им се овозможи на сите граѓани да одлучат каде ќе бидат потрошени парите кои ќе ги уплатат за данок на имот во нивната општина.
Општината ќе постави апликација на која ќе можат граѓаните да следат колку пари има за нивниот проект.
Со оваа мерка ќе им се овозможи на граѓаните сами да ја менаџираат својата општина. Со оваа мерка ќе се стави крај на сите злоупотреби.
Граѓаните од определен дел на некоја општина ќе можат да уплатат пари на име данок на имот кои ќе бидат искористени за поправање на нивната улица, за канализација во нивното место итн. Секој ќе може да влијае директно.
Време е да им овозможиме на граѓаните поголема можност за одлучување. Време е за Македонија за сите луѓе!
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Венко Филипче е единствениот кандидат за лидер на СДСМ на внатрепартиските избори
-
Претседателката ја поздрави засилената дипломатска активност на премиерот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ги напаѓа ли Филипче САД преку Сашо Орданоски?
-
Преглед на вестите од светот
-
Ново судење за убиствата на Вања и Панче - се презентираат видео снимки од домот на обвинетиот Манев
-
Безбеден град: И полициски возила со паметни камери ќе детектираат погрешно паркирање
-
21-ви февруари, Меѓународен ден на мајчиниот јазик
-
СДСМ: Зошто уште не е формиран инспекторат за употреба на македонскиот јазик?