ВМРО-ДПМНЕ: Учениците и родителите се против укинувањето на учебниците
Протестот е на народот, а кога ВМРО ќе прави протест заедно со народот, тогаш тоа ќе биде последниот ден од мафијата на Заев.
Наместо да посветат внимание на решавање на проблемите СДСМ како “стрини на пазар” се расправаат кој го правел протестот.
СДСМ не го гледа дебакалот кој им се случува пред очи, од нивните грешни политики губиме цели генерации, и наместо да се потрудат да не прават грешки, за нив народот е виновен.
Учениците и родителите се против укинувањето на учебниците и тоа СДСМ треба да го прифати како факт и да се помири со тоа. Наместо насилно спроведување на штетни политики да го повлечат законот во целост.
Не смее цели генерации да страдаат заради нечија желба за профит.
Доколку СДСМ продолжи игнорантски да се однесува и го турка на сила овој закон, ВМРО-ДПМНЕ ќе го укини веднаш по доаѓањето на власт, а одговорност ќе има за сите, кои на штета на децата туркале други агенди.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Под ингеренции на МОН, од годинава 8 регионални центри за стручно образование и обука
-
Бројот на првачиња во Струмица намален за 10%
-
Митевски: Работиме на решение за Вардариште
-
Шукова: Вардариште ќе остане депонија
-
Охрид треба да привлекува туристи со своето природно и културно наследство, а не со езерски туризам
-
Преглед на вестите од светот
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?