ВМРО-ДПМНЕ: Три години владее режимот на Зоран Заев во кој за нив има мед, а за народот леб и сол
Зоран Заев ја опустоши и ограби државата за овие три години колку што е на власт. Нема бизнисмен кој не е изрекетиран, нема институција каде немало сомнителни милионски тендери.
Три години имаше заборавено на генералниот реизбор на судии и другите ветувања кои ги имаше давано од опозиција, затоа што го притискаше судот да не му пресуди за поткупот од 200.000 евра. Судиите му требаа додека вршеше разни притисоци за предмети како да бидат или да не бидат пресудени и кој да излезе од притвор или затвор.
Ги пушти осудените за убиството на 5 – те деца кај Смилковска, па еден у избега, а во затвор има невини луѓе кои лежат за патриотско чувство.
Три години владее вистински режим. Режимот на Зоран Заев диктаторот од Муртино. Во чие време е сторен најтешкиот криминал, со рекетарско бандитска изнуда на над 20 милиони евра, а ниту една институција не реагирала да го заштити бизнис секторот.
Три години ја задолжуваат државата и направија нов долг од над 900 милиони евра, пари кои ќе ги враќаат нашите деца.
Три години државата тоне, а тие ги билдаат банкарските сметки.
Ова црнило мора да заврши. Зоран Заев на 12 април си заминува од власт. По 12 април следува обнова на Македонија.
Ново на Сител
-
САД покренаа обвиненија за воени злосторства против двајца поранешни воени лица на Сирија
-
СВР Скопје заплени повеќе од 40.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар
-
Тошковски: Од неопходна важност е градењето и воспоставувањето на систем за контрола на легалните и нелегалните текови на оружјето
-
Агелер: На Груби и Беџети но и на нивните најблиски им е забранет влезот во САД
-
Повеќе од 100 убиени при воздушен напад врз пазар во суданската провинција Северен Дарфур
-
Израелската армија на 25 километри од Дамаск, се проширува тампон зоната
-
Мицкоски: Направен е криминал од 6,5 милиони евра - Васко Ковачевски е избеган, но ќе го обезбедиме
-
Макрон ќе биде домаќин на партиските лидери во потрага по нова влада