ВМРО-ДПМНЕ: „Томе Стефановски – Сениќ“ веќе неколку дена „блеска” во мрак
„Томе Стефановски – Сениќ“ веќе неколку дена „блеска” во мрак. Во студентскиот дом во 21 век со денови нема струја. Студентите се оставени на милост и немилост, да се снаоѓаат сами како умеат.
Во тек на јунска испитна сесија студентите се соочуваат со потешкотии поради немање електрична енергија.
Додека студентите се соочуваат со проблеми, директорот на ДСД „Томе Стефановски – Сениќ“ го нема никаде, а зошто и би се појавувал кога ќе излезе Зоран Заев и ќе каже дека „блеска” студентскиот стандард.
Откако СДСМ дојде на власт младите се соочуваат со разни проблеми на кои нема решенија, но и ветените проекти кои требаа до сега да се реализираат ги нема.
Почитувани,
Студентите откако СДСМ дојде на власт се соочуваат со секојдневни проблеми во студентските домови. Се соочуваат со влага во собите, лифтови кои не работат, храна која е катастрофална, распаднати плафони, мизерни услови во бањите каде што и најчесто нема ни топла вода. Секојдневно по зградите и во собите на студентите се појавуваат глувци, а во дворовите змии.
Почитувани,
Заев и СДСМ пред да дојдат на власт ветуваа многу за студентите, ветуваа студентски град, а не добија ништо. Освен што секојдневно се соочуваат со мизерни услови како да преживеат од ден на ден за да ги положат испитите.
Ова мора да престане, одговорност мора да има. Одговорност треба да дадат директорите, министерството за образование и Зоран Заев.
Излезот од хаосот што владее по студентските домови и низ цела Македонија може да биде самиот Заев. Тој е причината на проблемот и мора да си замине. Колку побргу, толку подобро.
Филип Ѓорѓиев од ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Албанската влада ќе ги обнови опожарените куќи, а ќе ги обештети и земјоделците
-
Примил 10 000 евра за наводно да влијае врз судски постапки, кривична против лице од Скопје
-
Приведена скопјанка поради криумчарење шест мигранти од Египет
-
Пожарот во Тетовско и понатаму активен откако се разгоре два часа пред полноќ
-
Лажна дојава за бомба на скопскиот аеродром
-
Путин: Разговорите „се одржаа во конструктивна атмосфера на меѓусебно почитување“
-
Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина
-
Трамп по средбата со Путин: Многу сме блиску до договор за Украина