Македонија
10. September 2021 - 21:06

ВМРО-ДПМНЕ: Точно 48 часа по ужасот во Тетово, Заев го нема во јавноста со одговори за несреќата

Точно 48 часа по ужасот во Тетово, Заев го нема во јавноста со одговори за несреќата.

Два дена Заев молчи и бега да поднесе оставка за да ја ослободи истрагата од влијание кое ќе попречи на нејзината објективност и неутралност.

Оставката на Филипче не е доволна и истрагата ќе успее само Заев ако си поднесе оставка.

Досегашното криење на Заев ни дава причини да веруваме дека се одвива процес за заташкување на доказите и прикривање на одговорноста.

Затоа брзо оставки, за објективна истрага и одговорност.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ