ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што лани можело да се купи за 18.000 сега треба со 19.200 денари
Инфлацијата ги јаде платите, тоа што лани можело да се купи за 18.000, сега треба со 19.200 денари.
Стапката на инфлација која ДЗР ја објави дека изнесува 6.7% сериозно ги нагризува платите. Секој работник во Македонија има по минимум 1.000 денари помалку како резултат на инфлацијата сега, во однос на пред една година.
Заради инфлацијата, 18.000 денари плата денес, е како 16.800 денари плата лани.
Таргет на инфлацијата се сите подеднакво, и помалите и повисоките примања. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ предложи зголемување на пензиите и платите во јавниот сектор, а СДСМ одби.
Приказните на СДСМ за повисоки плати се лаги, и таканаречената минимална плата е речиси нагризана од инфлацијата, и се што имаме е само порамнување, а не покачување.
Потребни се итни и суштински мерки. СДСМ покажа дека не може да ги спроведе.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Прв академски час на УКИМ - почнува студиската 2026/2027 година
-

Најладно во Берово, утрово измерени -2 степена
-

Нетанјаху го нарече „херој“ пилотот по нападот во кокпитот на „Флај Дубаи“
-

Почнува зимското работно време на паркизите на ЈП Градски паркинг - Скопје
-

Трамп: Војната ќе заврши многу брзо, САД имаат целосна контрола врз Ормуз
-

Илон Маск влегува во Пентагон: Ќе ја креира иднината на војувањето
-

Ведро и студено утро и сончево преку денот
-

МВР: Во тек е полициска акција во повеќе градови во државата за сузбивање трговија со дрога
